
Припадниците на Граничната полиција имаат дводневна обука за спасување давеници од водите на природните езера во Македонија.
„Спасувањето на давеник во вода“ и „обуката за укажување на прва помош“ се изведуваат за полицајците од полициските станици за граничен надзор „Охридско Езеро“, „Стар Дојран“, „Маркова нога“ и “Стење“.
Обуката ја спроведуваат инструктори од црвениот крст, како и инструктор од Англија .
Покрај практичен има и теоретски дел од обуките кои се изведуваат во просториите на црвениот крст.