ПСЖ доби корпа од Оскар

Бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Оскар, призна дека остварил контакт со раководните лица на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, ги информирал дека и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на гигантот од “Стемфорд Бриџ”.

“Мојата иднина? Точно е дека имав контакт со раководните лица на ПСЖ. Не можам да ја скоријам таа информација, но станува збор за само еден контакт, за ништо повеќе. Нема никакви преговори, никакви понуди. Веданш им кажав дека и во новата сезона ќе го носам дресот на Челзи. Моментално не сум расположен за некаква промена на клупската средина”, изјави малдиот играч за врска.