
Потпретседателот на САД, Џо Бајден, оцени дека заштитата на хомосексулаците е дефиниција за цивилизирана држава и дека тоа мора да биде дел од нејзината култура и општествена традиција.
Бајден, на состанокот за правата на хомосексулаците во Вашингтон, изјави дека претседателот на САД, Барак Обама прави се за да бидат унапредени правата на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансексуалците во целиот свет.
„Не е важно на која култура припаѓате, нехуманост е нехуманост, предрасуда е предрасува“, изјави Бајден.
На крајот додаде дека земјите кои не прават напори да ги заштитат правата на хомосексуалните малцинства во иднина ќе ја платат цената за нехуманоста.