Црква, џамија и синагога под ист покрив во Берлин

Муслиманите, Евреите и Христијаните ќе се здружат во градењето на куќа на единството во Берлин. „The House of One“ ќе биде објект во кој ќе бидат вградени синагога, црква и џамија под еден кров.

Објектот ќе се состои од висока зграда и квадратна кула на средината. Надвор од дворот ќе бидат куќите за сите три вери, а во средината ќе има заеднички простор за средба.

Секој од поединечните простори е дизајниран во согласност со верските потреби и специфичностите на секоја вера.

2

– Она што е интересно е дека кога ќе се вратиме во минатото, тие делат многу архитектонски сличности. Тие не се толку различни“, вели архитектот Вилфред Куен.

– Од тие причини, не е потребно, на пример џамијата да има минаре. Тоа е само можност, а не потреба и црквата нема потреба од кула. Ова е за да се вратиме на потеклото кога овие три вери биле блиски и делеле многу архитектонски сличности, смета тој.

3

Куќата на единството ќе биде изградена на местото на првата црква во Берлин која датира од 12-тиотвек. Црквата „Св. Петар“ била сериозно оштетена на крајот на Втората светска војна кога Црвената армија го ослободила Берлин. Она што останало било уништено во периодот по војната од страна на источногерманските власти.

Пред шест години, археолозите откриле остатоци од гробишта и било одлучено дека нешто треба да се направи за да се подигне заедницата и нејзиното место. Проектот се проширил и променил од една вероисповедничка зграда, до зграда на трите вери.

„Под еден покрив: една синагогата, една џамија, една црква. Ние сакаме да ги користиме овие соби за нашите сопствени традиции и молитви и заедно да ја користиме собата во средината, за дијалог и дискусија, а исто така и за луѓето без вера. Берлин е град каде што доаѓаат луѓе од целиот свет и ние сакаме да им дадеме добар пример за заедништво“.