
Прво селекторот на Италија, Чезаре Прандели, а само неколку часа подоцна неотповиклива оставка поднесе и селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Сабри Ламуши.
Претставникот на Африка беше на само неколку секунди од толку посакуваниот палсман во 1/8 финалната рунда, но репрезентацијата на Грција постигна погодок во судиското продолжение и ја освои втората позиција во групата “Ц”.
“Мојот договор престана да важи со испаѓањето од СП. Нема да биде продолжен, а веројатно и разбирате зошто. Дадов се од себе во последните две години, но дојде крајот на мојата работа со Брегот на Слоновата Коска . Уживав со оваа екипа и горд сум што претставував вака голема нација”, изјави Ламуши.