
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 26 јуни ( четврток) во 12 часот ќе биде промовирана поетската книга „Политички коректна поезија“ од Елена Пренџова. За најновото дело на младата поетеса што го објави „Матица македонска“ ќе зборуваат Трајче Кацаров и Марина Мијаковска.
Елена Пренџова ( 1985) е автор на стихозбирките „Живот под ѕвездите“,„Пораки од морето“, „Таа“ и „Јас“, како и на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“. Нејзини песни се застапени во панорамски и антологиски избори на современата македонска поезија, објавени во Македонија и во странство. Вo 2012 година ја доби наградата „Најдобар поет“ на првите регионални средби во Брчко, Босна и Херцеговина.