
Украинскиот јазик ќе остане единствен државен јазик во Украина, изјави денеска претседателот Петро Порошенко.
„Единствен државен, уставен јазик во Украина беше и останува да биде украинскиот јазик“, нагласи Порошенко на средба со претставници на локалната власт и на државната администрација.
Истовремено општините во Украина „ќе имаат целосно право покрај украинскиот да ги користат и другите јазици, меѓу кои и рускиот“ прецизира претседателот на Украина.