
Русија сака да учествува во решавањето на украинската криза, изјави министерот за наворешни работи на Швајцарија, Дидие Буркхалтер, по средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.
– Разговорот за поддршка на мировниот план во целост беше позитивен, а по примирјето, целта е целосен прекин на судирите, изјави Буркхалтер по разговорот со Путин.
Според него во украинската криза не е се црно и бело и постојат некои страни што не сакаат примирје. Тој истакна дека постојат многу тензии и актери, како и дека главните актери, вклучително Русија може да бидат дел од решението.