Погледнете на мапа каде ќе се одржуваат настани во Скопје

Град Скопје ги мапираше јавните простори погодни за оддржување на јавни настани и манифестаци со намера да ги промовира овие места за креативна,  уметничка,  културно и социјално ангажирана продукција,  како и за спроведување на забавни, спортски и други иницијативи и општествено-промотивни активности.

Изработката на мапата се одвиваше во соработка со oпштините во градот, кои доставија информации за јавни локации и површини што се во нивна надлежност.

Мапата може да се подигне и да се види и преземе во пдф формат на следниов линк:  http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Lokacii%20na%20teritorijata%20na%20grad%20Skopje.pdf.pdf .