Разбуди се со едно поинакво кафе

„Разбуди се!!! – Со едно поинакво кафе” иницијатива со цел промоција и формирање на локален младински совет и неговата работа, анимирање на младите за подигање на свеста кај нив за младинските прашања.

Марија Мерковска од МКЦ Битола локален координатор на проектот, вели дека целта на овој настан е на креативен начин да ги повикаме младите на Општина Битола, преку едно инспиративно кафе, да ги поттикнеме на критичко размислување, како тие се гледаат како млади луѓе во Битола, да ги информираме дека почнува да се формира тело кое ќе ги застапува интересите на младите во Општина Битола.

Во иницијативата за формирање на локален младински совет се вклучени и Младински културен центар – Битола, Младински иницијативи за дијалог и соработка, Биосфера, Together Macedonia, ИМКА – Битола, Детски правобранител.

Дејан Петровски член на иницијативното тело за формирање на локален малдински совет, вели дека овој настан астанот ќе вклучи промоција на проектот, и нем перформанс, преку кој посетителите ќе бидат поттикнати да размислат за прашањата кои ги засегаат младите и на начин поблизок до нив, ќе се запознаат со активностите кои вклучуваат младински прашања

Настанот е дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Младински образовен форум во партнерство со Центарот за меѓукултурен дијалог, кој почна во јануари годинава а ќе трае во наредниве 18 месеци.

Едита Недини асистент на проектот вели дека овој настан се одржува во 12 општини и има за цел малдите малку да ги придвижи кон размислувања за малдинските прашања.

Промотивниот материјали за иницијативата бeшe  поделен на плоштадот Магнолија и низ кафулињата на Широк Сокак во Битола.