
Трофејниот италијански стручњак, Алберто Ѕакерони поднесе неотповиклива оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Јапонија.
“Се чуствувам многу тажно, не сум задоволен од постигнатиот резултат на Мундијалот во Бразил. Бевме убедени, самодовербата беше на највисоко можно ниво, верувавме дека ќе постигнеме добар резултат, дека ќе обезбедиме пласман во следната рунда. Не одигравме како што треба во трите натпревари од групната фаза. Очекував подобра игра од моите фудбалери, очекував позитивен резултат на сите три натпревари. Јас сум виновен за лошиот резултат, ќе ја преземам сета одговорност. Тука завршува мојата селекторска авантура во Јапонија”, изјави Ѕакерони.