Алжир ја елиминира Русија и се насади на Германија

Од групата “Х”, дуруштво на Белгија во 1/8 финалната рунда ќе и прави и репрезентацијата на Алжир која го освои толку посакуваниот бод во најважниот натпревар од групната фаза, дуелот против директниот ривал за втората позиција, селекцијата на Русија.

И покрај лошиот старт, Русија дојде во водство во 5 минута со голот на Александар Кокорин, избраниците на Вахид Халилхоџиќ се вратија во потребниот ритам, а погодокот вреден пласман во следната рунда, постигнат во 60 минута беше дело на Ислам Слимани.

Видно изнервиран поради непријатната елиминација, предводникот на “зборнаја” Фабио Капело вината за неуспехот ја лоцира кај турскиот судија Чунет Чакир.

“Секогаш молчам кога е во прашање судиската арбитража, но сега се ќе кажам, ќе кажам што мислам за главниот арбитар, за неговото судење. 10 минути нашиот голман беше провоциран со зелен ласер, имам и неколку докази, слика и видео снимка. Тука збориме со факти. Поради тој ласер, нашиот голман ја промаши топката”, изјави Капело.

Големиот фаворит за светската титула, репрезентацијата на Германија ќе му биде противник на Алжир во 1/8 финалната рунда.