
Украина денеска потпишува договор за економска и трговска соработка со ЕУ, што беше причина за протестите на плоштадот Мајден и смртта на голем број Украинци.
Договорот предвидува и насоки за брзи реформи во земјата, која е богата со ресурси, но има слаба економија.
Претходниот украински претседател Виктор Јанукович планираше да го потпише договорот, но под притисок на Москва се откажа, што резултираше со неколкумесечни протести и негов прогон.
Сегашниот пртседател Петро Порошенко треба да го потпише договрот во Брисел.