
Воведувањето на Уставна жалба има за цел поголема заштита на правата и слободите на граѓаните.
„Во Република Македонија на граѓаните досега не им стоеше на располагање овој институт, кој е претходно воведен во повеќе држави. Неговата цел е да се зајакне заштитата на човековите права и слободи дефинирани во Уставот. Со оваа иницијатива се предлага воведување на надлежност на Уставниот суд да одлучува по уставна жалба, изјавена против поединечни акти или дејствија на државните органи, единиците на локалната самоуправа или носителите на јавни овластувања со кои се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на: дискриминацијата, правото на живот, тортура, правото на слобода на човекот, презумпцијата на невиност и фер судење, слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот и вероисповест, јавниот настап и информирање…“, истакна Груевски.
Се предвидува и институционална Уставна жалба што значи дека наместо во Стразбур сега уставниот суд може да одлучува за жалби за повреда на слободи и права. Ова е позитивно искуство од Германија, Шпанија, Австрија, Словенија….