Адидас го откачи Луис Суарез

Познатиот бред за спортска опрема “Адидас”, одлучи да го смени постерот, односно рекламата која беше лоцирана на најпознатата плажа во Бразил, Копакабана, на кој заститен лик е контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез.

Од компанијата дошле до заклучок дека напаѓачот на Ливерпул е непожелен од фудбалските фанови кои се згрозени од неговиот успешен обид да го гризне за рамо дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини.

“Адидас потполно ја поддржува одлуката која да донесе ФИФА. За нас однесувањето на Суарез е неприфатливо и мораме да потсетиме дека од играчите со кои имаме договор очекуваме одредени стандарди во однесувањето. Нема веќе да го користиме Суарез во маркетиншки цели за време на Мундијалот”, се наведува во соопштението на Адидас.
Ликот на Луис Суарез сега е заменет со тој на репрезентативецот на Бразил, Дани Алвеш.