Грција поголем фаворит од Костарика

Фаворитска улога дефинитивно ќе нема на вториот денешен натпревар од осминафиналната рунда, дуелот помеѓу репрезентациите на Костарика и Грција.

Репрезентацијата на Костарика го приреди најголемото изненадување на Мундијалот во Бразил, откако ја освои првата позиција во “групата на смрта” и е главен виновник за елиминацијата на поранешните светски шампиони, селекциите на Англија и Италија.

Среќата повторно се покажа како главно оружје на репрезентацијата на Грција која со една победа и со еден нерешен резултат во групната фаза обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.

“Не е точно дека сме се задоволиле со пласманот во 1/8 финалната рунда. Сакаме да испишиме нова страница во репрезентативната историја, сакаме пласман во следната рунда. Грција е противник по мерка, но сите опции се во игра. И двете репрезентации имаат подеднаква шанса за пласман во следната рунда, но ќе успее таа репрезентација која ќе направи помалку грешки, изјаво селекторот на Костарика, Хорхе Луис Пинто.