
Во Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе бидат презентирани измени на Законот за катастар на недвижности, што ги усвои Владата минатата недела.
Законските измени ќе ги презентираат министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Славче Трпевски.
Измените на законот се однесуваат на можноста за бесплатно изработување геодетски елаборати за легализација на дивоградбите за социјално ранливите категории граѓани, воведување регистер на цени на пазарот со недвижности ина услугата електронски шалтер на катастарот.