
Државната Агенција за истрага и заштита на БиХ (SIPA) во акција со назив „Сејлор“ вчера уапсила четири лица. Акцијата е спроведена по наредба на Судот и Обвинителството на БиХ. Претреси биле извршени објекти на шест локации на подрачјето на Бања Лука и Мостар при што лицата биле уапсени под сомнение за организиран криминал. Акцијата продолжува и денес, пренесоа босанските медиуми.
Лицата уапсени во акцијата се осомничени како припадници на организирана криминална група, искористувајќи ја состојбата со природната несреќа во Босна, вршела малверзации при изработката на списоците за оштетувањата на робата во поединечни фирми, така што ги фалсификувале и составувале лажна документација за да прикажат поголема штета отколку што е реално со цел да избегнат плаќање на обврските, а се со намера да се стекнат со противправна имотна корист, односно се осомничени за кривични дела од областа на даночно затајување и измама, царинска измама, противзаконско посредување и злоупотреба на положбата и овластувањата.