
Бесен кумановец со бејзбол палка оштетил кафе бар и притоа повредил неколку матуранти.
Тој бил изреволтиран од гласната музика која доаѓала од кафе – барот каде учениците славеле матура.
Покрај тоа што го оштетил кафулето повредувајќи едно девојче, кумановецот физички нападнал уште три лица нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото. По ова, на местото на настанот пристигнал второпријавениот кој физички нападнал еден од матурантите.