
На бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга, денеска заминаа 100 дечиња од социјално ранливи категории.
Првата група на деца кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација ја испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека преку овој проект сака да им помогне и на родителите и на дечињата од социјално ранливите категории.
Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња.
За овој проект Министерството за труд и социјална политика издвојува по 12 милиони денари на годишно ниво.