
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ги утврди предлозите на кандидати за потпретседатели на Собранието на Република Македонија.
На дневен ред на Комисијата се и утврдување предлог – одлуки за именување претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.