
Помеѓу 22 и 29 јуни годинава, во месноста Марков град атар на село Горна Матка-Скопско, непознат сторител влегол во внатрешноста на цркавата „Света Недела“ при што запалил оган од кои изгореле две икони, а биле оштетени и внатрешните ѕидови.
Непознатиот сторител покрај темелот од внатрешната страна направил ископ со длабочина од 30-40 сантиметри.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.