
Нови портални семафорски столбови поставија екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на крстосницата помеѓу улиците Ѓорче Петров и Сарај.
Новата сигнализација веќе е пуштена во употреба.
Семафорските портални столбови се поставени по налог на Град Скопје, велат од претпријатието, а целта е зголемување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот.