
Ромска населба никна во делот меѓу Музејот на Град Скопје и поранешниот Цветен пазар кој се уште стои заграден.
Картонски куќарки, пластични шишиња, отпадоци, тоа е сликата на ромската нселба во центарот на градот. Запрежните коли постојано врват и нешто пренесуваат.
Овие луѓе, меѓу кои има и дечиња живеат во строгиот центар на градот во навистина лоши хигиенски услови, без вода, тоалет и под отворено небо. Без покрив на главата и на сонце и на ветер и на дожд. Тие живеат на овој простор веќе некое време, во строгиот центар на главниот град, а како да се отсечени од цивилизацијата.
Нивното моментално живеалиште е под надлежност на Општина Центар. Оттаму велат дека состојбата се следи, дека е побарана полициска асистенција, не само за ова подрачје, туку и во Маџар Маало и кај Кале.
Од МВР велат дека официјално барање од Општина Центар не е доставено, а кога ќе биде, ќе има полициска асистенција, додека за понатамошно згрижување на луѓето од оваа населба која вклучува и малолетници ќе биде вклучен и Центарот за социјални работи.