
Во Грција вчера се спасени 140 имигранти чиј чамец се расипал во Егејското море додека се обидувале да влезат во земјата илегално, соопштила грчката крајбрежна стража.
Во соопштението е наведено дека имигрантите се спасени во меѓународни води меѓу грчкиот остров Родос и Карпатос, пренела АП.
Во операцијата на спасување учествувале девет товарни бродови и траекти, една морнарска фрегата и спасувачки хеликоптер.
Имигрантите безбедно се префрлени на Родос.