
Северна Кореја истрела два проектили со краток дострел во близина на источниот брег, пренесоа медиумите. Ова е трето лансирање на ракети последователно во рок од една недела, според соопштенијата на Министерството за одбрана на Сеул.
Кина е сојузник со Северна Кореја и нејзин најголем поддржувач, но откако Северна Кореја изнесе низа закани за нуклеарни напади помеѓу кои како мети биле посочени Сеул и Вашингтон, Кина го поддржа заострувањето на санкциите на ОН и ги ограничи финансиските активности на оваа земја.
Корејскиот полуостров официјално сеуште е во војна, односно во состојба на примирје од 1953 година.