
Сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец ќе преовладува денеска во Македонија.
Температурата ќе се движи од 24 до 33 Целзијусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 31 Целзијусов степен.
Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.