
Лејси Вилд (45) досега е позната како жена со најголемите гради во светот, но нејината нова цел е таа да се претвори во возрасна жива барбика. Досега таа има направено 36 пластични операции, а планира да направи уште минимум шест.
Лејси огромните гради ги добила по 12 пластични операции. Таа е мајка на шест деца, а во меѓувреме правела операции за зголемување на задникот и намалување на половината. Нејзината желба е да има уште помал нос и пошироки очи, а планира и липосукција на градите, грбот, рацете и нозете.
„Знам дека сум најекстремниот пациент, но сакам да продолжам да ги поместувам границите. Сакам да имам уште поголеми гради и задник. Не сакам да се откажам од операции, пластичните операции се оние кои не прават совршени“, вели Лејси.
Тежината на нејзините гради сега изнесува 21 килограм, а во текот на возењето мора да користи посебни перници кои и ги придржуваат градите. Посебно е внимателна додека готви.
„Горда сум што изгледам вака, потрошив 250 илјади долари за да го добијам најекстремниот пластичен изглед во светот“, вели Лајси.
На прашањето дали е опседната со градите, таа вели:
„Не не сум опседната со градите, опседната сум со целокупниот изгледа. Сакам совршено тело“, додава Лејси.