
Од остатоците на спектакуларниот огномет по повод прославата за Денот на независноста 4-ти јули, се запали дел од сувата трева во близина на Американската амбасада во Скопје, лоцирана во близина на Француските гробишта на Кале, објави весникот „Вечер“, пренесува Нетпрес.
Благодарение на противпожарните служби и службите на Амбасадата, кои на вакви настани секогаш превентивно се присутни малиот пожар за неколку минути беше изгаснат.
Присутните гости не ни забележаа дека имаше мобилизирање на противпожарната служба.