
„Матица македонска“ го објави лирскиот триптих „Милитви,блаженства,сенки“ од современиот македонски поет Раде Силјан. Во изданието застапени се песни од стихозбирките „Молитвење“, „Блажена“ и „Сенка на векот“ , кои создаваат кохерентна тематска целина.
Во предговорт под наслов „Стихови за молитва, покајание и камено цвеќе“ писателот Блаже Миневски констатира дека „станува збор за поезија на поетски мудрец. Секоја песна е дел од животот, парче вистина, отркиена тајна на постоењето.“
Раде Силјан е автор на четиринаесет поетски книги, за кои е добитник на значајни домашни и меѓународни награди и признанија. Негови поетски книги се преведени и објавени на повеќе странски јазици.