
Со неколку шок бомби полицијата успеа да ја разбие малата група демонстранти кои и денеска излегоа на протест, информира телеграф.мк.
По неколку минутно скандирање и фрлање со камења на зградата на општината, полицијата успеала да ја разбие групата. Оштетени се повеќе прозорци на општинската зграда. Полицијата и понатаму се таму.
Демонстрантите кон Општината се упатија од Јаја паша џамијата, но денеска во значително помал број од вчера.
Главната улица „Цветан Димов“, се уште е затворена од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ кон општина Чаир.
Извор/фото: www.telegraf.mk