
Боливискиот конгрес усвои предлог закони според кои децата ќе можат да работат на 10 години, под услов тоа да не го нарушува нивното образование и така ќе му помагаат на семејството да преживее.
Со овој закон Боливија стана првата земја во светот која ќе им дозволи на децата да работата на таа возраст.
Законот е загрижувачки затоа што Боливија е потписничка на повелбата на ОН според која најниска старосна граница за работа на децата е на 14 години, пренесува АП.