
Безживотно машко тело, утрово во 7.20 часот е забележано во водите на Охридското Езеро, на околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје во Охрид, каде длабочината на езерската вода е околу два метра.
Се работи за машко лице од близу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес.
На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а во текот на денов ќе биде извршена обдукција.