
Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 37 решенија против 37 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 5 и 3, и член 207 став 1 и 7 точки 1, 2, 4, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на триесет и еден вработен им е изречена мерка „парична казна“ на четири вработени мерка – „запирање на постапката“ и на двајца вработени мерка – „распоредување две нивоа пониско”.