
Францускиот гигант Монако е последниот клуб кој покажа интерес за германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Лукас Подолски.
Неофицијално, сопственикот на Монако, милијардерот од Русија, Димитри Риболовлев е подготвен да одвои околу 20 мил. евра за услугите на 29-годишниот играч за врска.
Освен раководните лица на Монако, голем интерес за репрезентативецот на Германија имаат покажано и раководните лица на Атлетико (М), Борусија од Дортмунд, Галатасарај, Фиорентина, Шалке и Волфсбург.