Израелската војска повикала 40 илјади резервисти за во случај ако се одлучи да започне копнена офанзива во појасот Газа. Оваа одлука е донесена денеска од страна на израелската влада по што е започната воздушна офанзива против палестинското радикално движење Хамас, пренесуваат израелските медиуми.
Неименуван претставник на војската вели дека се разгледува опцијата за копнена офанзива.
„Војската е подготвена за серии опции, вклучувајќи и копнена инвазија против Хамас кој е на власт во појасот Газа“, вели претставникот.
Војската наведува дека од воздух и море нападнала 50 места во Газа и дека се подготвува за копнена инвазија, како и дека засекогаш ги спречила ракетните напади на палестинците на Израел.
Минатите неколку недели имало повеќе ракетни напади поготово по убиството на тројцата млади евреи, за што е обвинет Хамас и убиството на едно младо момче од страна на еврејските екстремисти.