Поранешниот амбасадор на Ирак: Поделбата на земјата не е решение

Поранешниот амбасадор на Ирак во ОН, Саид ал Мусави бара потполно нов систем во својата земја, истакнувајќи дека државата мора д корен да се менува, бидејќи постојниот систем, кој го наметнале САД, e причина за сегашната криза.

САД после 2003 година, примениле систем кој не одговара на земјата и со тоа ја предизвикаа актуелната криза, оценил тој при синоќешното обраќање во Виена.

Главната одговорност за актуелната криза во Ирак, според неговото мислење ја сносат дипломатите на САД.

После влегувањето во Ирак, тие како што нагласл, сакале како „илегална окупаторска власт“ да го менуваат политичкиот систем.

„Окупаторските сили немаат такво право“, подвлекол Мусави.

Ирак, потсетил тој, со векови бил земја на толеранција и поделба на основа на верата немало во општеството се до доаѓањето на американските сили.

Системот кој го имплементирале САД донел поделби и наметнал верски идентитет на Ирачаните, уверен е Мусави.

Како што истакнал тој, Иран е друг проблематичен играч во кризата, бидејќи тој не посакува стабилен Ирак.

„Потребен ни е нов, нам одговарачки политичи систем, порачал Мусави додавајќи дека е неопходен нов Устав.

Отпорот на ирачките жители против актуелната влада е голем, оценува тој .

Мусави го критикувал тоа што западните медиуми се фокусираат само на акциите на радикално-сунитските, екстремистичките терористички групи како ИСИЛ, додека отпорот на ирачките жители воопшто не се споменува.

„ИСИЛ постои, но нивните поддржувачи не се ниту една десетина од оние кои пружаат отпор“, објаснил Мусави додавајќи дека поголем дел од жителите кои пружаат отпор на владата против нетолеранцијата и терористичките акции на ИСИЛ, и се бори против актуелниот владеачки систем.

Мусави рекол дека народот на Ирак сака демократија, мултипартиски систем, почитување на човековите права и обнова на земјата.

Поделбата на земјата, според неговите зборови, не е решение, а така ни политички, бидејќи меѓусебната зависност на делови од државата на ниво на стопанство и ресурси се огромни.