
Шарлиз Терон блесна вчера на ревијата на Диор за 4есен зима 2014/2015 во Париз. Преубавата актерка на ревијата пристигна во придружба на Шон Пен и изгледаа апсолутно совршени- заљубени, елегантно и секси.
Таа на ревијата на Диор се појави во кратко златно Диор фустанче кое одлично и ја нагласуваше нејзината витка линија, висока фигура и во прв план на нејзините долги нозе беа златни сандали со тенко ременче.
Парот ни за момент не се одвоил еден од друг. Шарлиз и Шон заедно изгледале среќно и спокојно и секако модно ускладени.