Француски бизнисмен нов директор на Ватиканската банка

Ватиканскиет власти денеска го именувале францускиот бизнисмен Жан Батиста де Франси  за нов директор на Ватиканската банка, во настојувањето да ја реорганизираат оваа институција раздрмана од скандали.

„Наша амбиција е да станеме модел за управување со финансии, а не пример за повремени скандали“, изјавил ватиканскиот министер за финансии Џорџ Пел, а Франси рекол дека е почестен да ја надгледува трансофрмацијата на Ватиканската Банка, пренела Франс Прес.

Тим од финансиски експерти, вклучувајќи го и Франси и една американска консултантска компанија, на подготовките на теренот за реформи на Ватиканската банкаработи уште од летото минатата година, кога папатаветил дека јавните финансии ќе ги направи потполно транспарентни после повеќе децении скандали и интриги.