Газа гори: Израел и Палестина не разменуваат зборови, само бомби

Палестинската војска испалила повеќе ракети на израелски градови, а Израел одговори со десетина рации во појасот Газа. Тензиите растат, а светските лидери повикуваат на мир.

Израел тврди дека преку ноќ се испалени неколку ракети на нејзина територија, како и дека уследило повеќе од 160 воздушни напади како одговор.

Не е сигурно колку има настрадани, но министерството соопштило дека меѓу настраданите има и деца.

Израелскиот министер за одрбана Моше Јаалон денеска најавил дека израелската вена кампања против Хамас во појасот на Газа ќе се прошири и наредните неколку денови и се зарекол дека со тоа ќе се наплати „огромна цена“.

Најмалку 23 лица се убиени ширум појасот Газа во израелската офанзива започната вчера со напади од воздух и море, соопштиле денеска палестинските претставници.