
Главниот полски опозициски лидер Јарослав Качински денеска побарал гласање за недоверба на владата на на премиерот Доналд Туск, откако беа објавени тајно снимените разговори на некои министри и официјални лица, пренесоа новинските агенции.
Качински побарал од парламентот да го смени тимот на Туск и предложил свој кандидат за нов шеф на владата, пренела АП.
Се очекува гласањето да биде во петок.
Владеачката коалиција има неначително поголомо мнозинство во парламентот, а минатиот месец лесно го помина гласањето за доверба.
Туск одбил да се повлече од власта заради илегалните снимки.