
Само 600 грама тежи најмалото бебе родено во Македонија. Мајка му се породила по 24 недели бременост, пренесоа медиумите.
Поради предвременото породување, бебенцето е на интензивна нега на Клиниката за детски болести.
Но, ова бебе е вистински борец. Тоа добро напредува и докторите велат дека ќе биде нормално, здраво бебенце.