
Српската тенисерка Ана Ивановиќ се раздели со својот тренер Немања Контиќ. Договорот на Контиќ истече по завршувањето на Вимблдон, а по пријателска диускусија, одлучено е да не ја продолжат соработката. Овој потег претставува изненадување , заради тоа што Ана истакна дека Контиќ има заслуга за нејзините подобри резултати оваа сезона.
Сезонава Ивановиќ, освои три ВТА титули и играше во четвртфиналето на Австралија опен.
Контиќ работеше со Ана од јули минатата година, откако по минатогодишниот Вимблдон ја прекина соработката со тренерот Најџел Сирс.