
Ако им се верува на шпанските медиуми, тогаш контроверзниот репрезентативец на Уругвај и на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Суарез, до крајот на следната недела и официјално ќе биде претставен како најскапа аквизиција во клупската историја на каталонскиот гигант Барселона.
Познатиот спортски весник во Шпанија, “Ел Мундо Депортиво”, кој важи за екстремно бизок до Барселона пред неколку минути ја пласираше сензационалната информација дека двата клуба постигнале договор околу обештетувањето на Суарез кое нема да биде помало од 88 мил. евра.
Брзоногиот напаѓач треба да потпише 5-годишен договор со каталонскиот гигант, а таквиот договор му гарантира фиксна годишна плата од 12 мил. евра.