
Селекторот на Холандија, Луи ван Гал и понатаму останува на својот дефиниран став дека натпреварот на третото место на мундијалите не треба да се игра.
Холандија за противник во малото финале ќе го има домаќонот Бразил, а тој натпревар ќе биде одигран на 12 јули во Бразилија со почеток во 22:00 часот.
“Мојот став е јасен, меч за трето место на мундијалите не треба да се игра. Ние сега имаме еден ден помалку за одмор од противникот, па иако тие загубија убедливо, со 7-1, секако се во мала предност. Но, поентата е сосема друга. Доаѓате до самата завршница на мундијалот и вие сте еден вид победник. Доколку го загубите полуфиналето, потоа и мечот за третото место, тогаш вие се враќање дома како губитник. Четвртата репрезентација на Светското првенство ќе си замине дома како губитник, а тоа не е в ред. И не ме прашувајте за поразот на Бразил, затоа што секој пораз го чувствувате исто. И поразот на пенали, и пораз од 7-1 како оној на Бразил, за мене е тоа подеднакво исто. И двете селекции ќе играат за третото место”, изјави Ван Гал.