На протестите повреден камерман

Голема толпа граѓани се упати накај Мавровка, но се запрени од полицикскиот кордон. Полицијата и демонстрантите се пресретнаа на крстосницата кај Судот кај Бит Пазар.

Демонстрантите носат пароли на албански, албански знамиња и извикуваат УЧК.

Снимател на ТВ Телма е удрен со камера по глава кога организаторите даваат изјава а други демонстранти ги турнаа новинарите по што е удрен снимателот, јавува Република.

Толпата ја контролираат еден ред од активисти кои што не дозволуваат контакт со полицијата. Ситуацијата засега е мирна и под контрола на силите на редот.

Демонстрантите прочитаа проглас во кој се вели дека осудените за Монструм се невини.