
Контрапротестите пред Владата, кои беа најавени во исто време со протестите кои се одржуваат во знак на револт од пресудата за случајот „Монструм“, не се одржаа. Освен новинарски екипи, на закажаното место не се појави никој.
Исто како и албанскиот протест и македонскиот контрапротест беше најавен на социјалните мрежи.
До 15 часот, сообраќајот пред Влада се одвиваше нормално, без блокади, а мала полициска група го обезбедуваше објектот и околината.