
Вчера започна вториот Еко Грин Викендот во Маврово. На првата фестивалска вечер настапија План Г, Ареа и Бајага заедно со своите Инструктори. Фестивалот вчера го затвори ДЈ Зомакс. На Фестивалот присустваа и директорот на Националниот Парк „Маврово“ Онер Јакуповски и градоначалникот на Маврово г-дин Мукрем Мемети.
Утрово во Маврово започна и детското катче со „Се За Роденден“, каде што најмладите се дружат и играат едукативни игри а започанта е и презентацијата на опрема за нуркање, лов и риболов…
Вечерва на сцената мавровската публика ќе ја забавуваат ДЈ Гоце Саф, Бед Копи и Грамофонџии.