
Поранешниот австралиски пливач, Јан Торп, во своето последно интервју откри дека е хомосексуалец. Тој призна дека е хомосексуалец на гостувањето на „Канал 10“ во Австралија, Торп признал дека е геј, а зборувал и за проблемите со депресијата за кои пишуваше и во својата автобиографија.
Торп потврдил дека е хомосексуалец иако во минатото излегувал и со жени, а и во својата автобиографија ги демантираше наводите дека е геј.
Тој се повлече од пливањето поради недостаток на мотивација, а имаше неуспешен обид да влезе во австралиската репрезентација за ЛОИ во 2012 година. Во својата кариера има освоено девет олимписки медали и единаесет медали на светските првенства.