
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, пред почетокот на свеченото отвoрање на 54.тото издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оставри средба со екслузивните гости, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик. На средбата, Канческа-Милевска им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство, како и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја.
Италијанските оперски ѕвезди, сопранистка Фритоли и нејзиниот колега баритонот Нучи, заедно со диригентот од Аргентина, маестро Горелик приредија спектакуларна вечер на почетокот од фестивалот „Охридско лето“.